Радован Караџиќ, по кого Хашкиот трибунал има распишано потерница, беше уапсен синоќа од страна на српските служби за безбедност.

Караџиќ беше локализиран и уапсен, се наведува во соопштението. Во текстот не се наведуваат други детали, но според извор близок до обвинителството, поранешниот лидер на босанските Срби за време на војната во Босна во 1992-1995 година бил уапсен на српска територија.
Шеесет и тригодишниот Караџиќ не давал отпор при апсењето и бил во депресивна состојба во моментот на апсење, открива извор близок до српските служби за безбедност.
По апсењето Караџиќ бил одведен пред истражниот судија на српскиот Совет за воени злосторства Милан Дилпариќ.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека негови претставници не учествувале во апсењето на Караџиќ.
Хашкиот трибунал го обвинува Караџиќ за раководење на масакрот на околу 8.000 муслимански мажи во Сребреница.

Караџиќ се криеше од Трибуналот околу 13 години со помош на мрежа од помошници. НАТО досега имаше неколку неуспешни обиди за негово апсење
Истражниот судија на Окружниот суд на советот за воени злосторства во Белград Милан Дилпариќ потврди дека го сослушал Радован Караџиќ, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, јави Танјуг.

На прашањето дали донел решение за исполнетата претпоставка за испорачување на Караџиќ на Хашкиот трибунал, Дилпариќ кусо одговорил оти се е завршено.

Сослушувањето на Караџиќ почнало нешто после еден часот по полноќ и траело околу еден и пол час во зградата на Специјалниот суд, која беше обезбедувана од полициски кордон.
.Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го поздрави апсењето на Караѓиќ, нагласувајќи оти тоа е историски момент за жртвите, кои, како што рече чекале 13 години за поранешниот лидер на босанските Срби да биде изведен пред лицето на правдата.
Апсењето на Караѓиќ го поздрави и Белата куќа.

– Ја поздравуваме Владата во Србија и им се заблагодаруваме на луѓето, кои ја спроведоа таа операција, за нивната храброст и професионализам, изјави портпаролот на Белата куќа Дејна Перино.

Таа акцијата за апсење на Караѓиќ ја означи како важен доказ за напорите на српската Влада да ги исполни своите обврски и да соработува со Хашкиот трибунал.
Американскиот дипломат Ричард Холбрук со чие посредство во 1995 година беше склучен Дејтонскиот мировен договор за ставање крај на војната во БиХ, изјави дека апсењето на Караѓиќ е историски ден.

– Симнувањето од сцената на човекот, одговорен за смртта на 300 илјади лица, многу ќе помогне за зацврстување на стабилноста, нагласи Холбрук.

Позитивни реакции за апсењето на Караѓиќ пристигнаа и од Европската унија.
Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана изрази огромно задоволство поради апсењето на Караѓиќ.
Солана нагласи дека тоа може да го забрза патот на Србија кон ЕУ.
Позитивни реакции за апсењето на Караѓиќ дојдоа и од претседателот на Европската комисија
Жозе Мануел Баросо и од францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.Францускиот претседател Никола Саркози изрази исто така големо задоволство поради апсењето на Караѓиќ.

– Одамна очекуваното апсење ја покажа јасната желба на новата Влада во Белград за приближување на Србија кон ЕУ, истакна Саркози.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен апсењето на Караѓиќ го означи како позитивен настан во соработката на Србија со Хашкиот трибунал. – Тоа ја покажува решеноста на новата Влада да ја оствари целосната соработка со Трибуналот, додаде Рен.
Додека граѓаните на Република Српска беа шокирани од веста за апсењето на Радован Караѓиќ, во Муслиманско-хрватската федеација на неа се гледа со големо одобрување.

Сопругата на Караѓиќ, Љиљана изјави дека се наоѓа во шок поради апсењето, но нагласи оти барем дознала дека нејзиниот сопруг е жив.
Таа била информирана за апсењето на својот сопруг од нивната ќерка Соња некаде пред полноќ.
– Кога телефонот заѕвони, знаев дека нешто не е во ред. Шокирана сум. Збунета. Сега барем знам дека е жив, изјави Лилјана Караѓиќ.

Младен Бошиќ, претседателот на Српската демократска партија на БиХ, чиј основач и лидер беше Караѓиќ, изјави дека е шокиран поради апсењето и изрази сомневање дека тој ќе добие праведен процес.

– Ние сме шокирани и изненадени и сметаме дека ќе следи голем притисок врз РС, истакна Бошиќ и додаде дека Судот во Хаг не е местото каде се дели правдата, туку политичка институција.

Премиерот на Република Српска Милорад Додик го поздрави апсењето. Тој изрази надеж дека најпосле ќе биде тргната предрасудата за Србите, „кои се заложници на вината на поранешниот лидер“.

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговиона Харис Силајѓиќ исто така го поздрави апсењето на Караѓиќ и додаде дека тоа ќе има позитивен ефект врз натамошниот развој на земјата.

Сараевските телевизии, пак прикажуваа снимки од улиците на градот на кои се гледаат развиорени знамиња на БиХ, а насобраните граѓани го славеа апсењето на Караѓиќ, извикувајќи „Босна, Босна!“.

Во меѓувреме српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедосната ситуација во Белград е под контрола, а степенот на безбедноста, по објавувањето на веста за апсењето на Радован Караѓиќ, превентивно е подигнат на повисоко ниво,

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: