Categories
Свет

О.Н. бараат средства за мировните мисии

Oбединетите нации за мировни мисии годишно трошат 3,7 милијарди долари.

Oбединетите нации за мировни мисии годишно трошат 3,7 милијарди долари. Високиот претставник на ОН Жан Мари Гено предупредува дека мировните сили на светската организација се бројно премногу слаби и без доволно фондови за да можат успешно да ги штитат луѓето на кои треба да им помогнат, пишува денеска весникот „Индипендент“.
Гено, инаку шеф на мировните мисии на ОН во заминување, изјави дека мировните капацитети на
ОН ја достигнаа долната граница, пренесува Би Би Си.
Критичарите наведуваат дека се чини оти Советот за безбедност без проблеми одлучува за упатување мировни сили, но дека му е многу потешко да обезбеди средства кои ќе му овозможат да го исполни својот мандат.

Како што се зголемуваше бројот на војниците и мировните мисии,, пишува , така растеа и трошоците кои сега достигнуваат годишно ниво од 3,7 милијарди долари.
Најголем дел од овие средства отпаѓаат на мисиите на ОН во суданската провинција Дарфур и во Демократска република Конго.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *