Categories
Свет

Седум жртви однесе тропската бура Феј на Флорида

Тропската бура Феј, која пет дена беснее во близина на бреговите на Флорида, ги однесе животите на седум лица.

Тропската бура Феј, која пет дена беснее во близина на бреговите на Флорида, ги однесе животите на седум лица.

Според прогнозите, бурата се заканува со предизвикување поплави во југоисточниот дел на САД поради очекуваните поројни дождови кон крајот на неделава. Во Флорида е прогласена вонредна состојба.

Феј се движи со брзина од девет километри на час и се очекува следната седмица да го зафати брегот на Флорида, соопшти Националниот центар за набљудување на ураганите во САД.
Постои опасност бурата Феј да се засили доколку навлезе во реонот на Мексиканскиот Залив и да причини штета како на пловните комплекси за извлекување на нафта и природен гас, така и на градот Њу Орлеанс, кој беше силно погоден од ураганот Катрина во 2005 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *