Тежок удар за Samsung пред претставувањето на новиот iPhone

Проблемот со овој модел не можел да дојде во полош момент

 |  инфодеск  | 

Samsung Electronics го разгледува повлекувањето на својот најнов модел со кој се гордееа, мобилниот телефон Galaxy Note 7, поради проблеми со палење на батеријата, откриваат упатени извори од Reuters.

Спрема наводите на корејската агенција Yonhap News, компанијата ќе објави глобално повлекување на овој мобилен телефон на конференција за новинари во 17 часот по локално време.

Да потсетиме, Samsung сметаше дека Galaxy Note 7  ќе го продолжи започнатото опоравување на работењето на компанијата која би требало да забележи по прв пат добивка по три години.

Аналитичарите сметаат дека проблемот со овој модел не можел да дојде во полош момент бидејќи следната недела најголемиот конкурент Apple го претставува новиот iPhone 7.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top