Categories
Свет

Терористички келии од Европа влегуваат во САД

Терористите од европските земји се обидуваат да влезат во САД со пасоши на земјите од ЕУ.

Терористите од европските земји се обидуваат да влезат во САД со пасоши на ЕУ и нема гаранција дека властите секогаш ќе успеваат да ги фатат, изјави американскиот министер за внатрешна безбедност Мајкл Чертоф.

– Колку повеќе време и простор на располагање има Ал Каеда и нејзините сојузници за пронаоѓање кадар, негово обучување, за планирање и експерименти, толку повеќе проблеми ќе имаат Европа и САД, истакна Чертоф во неговото обраќање пред Комисијата за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом.

Според него терористите планирано се концентрираат на луѓето кои имаат легитимни западноевропски пасоши и немаат досиеја на терористи.
Чертоф повторно изрази загриженост дека терористите можат да донесат радиоактивни материјали во САД со мали јахти или приватни авиони, кои се користат за направата на т.н. „валкана бомба“.

Коментарите на Чертоф доаѓаат во момент кога земјата влегува во потенцијално ранлив период поради претстијните претседателски избори во ноември и стапувањето на должност на новото раководство во јануари следната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *