Categories
Свет

Талибанците се обиделе да продрат во американската воена база во Југоисточен Авганистан

Група од околу 30 вооружени талибанци, меѓу кои и бомбаши-самоубијци синоќа се обиделе да ја поминат заштитната ограда на главната американска база во Југоисточен Авганистан.

Група од околу 30 вооружени талибанци, меѓу кои и бомбаши-самоубијци синоќа се обиделе да ја поминат заштитната ограда на главната американска база во Југоисточен Авганистан.

Нападот бил одбиен со помош на хеликоптерите на НАТО силите распоредени во Авганистан..
Во нападот врз Кемп Салерно во провинцијата Хост, во близина на пакистанската граница загинаа шестмина талибанци.

Во вчерашниот самоубиствен напад со автомобил-бомба пред американската база загинаа десет, а ранети беа 13 авганистански цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *