Sony слави 20 години на PlayStation

Првата конзола на PlayStation продадена во повеќе од 100 милиони примероци

 |  инфодеск  | 

На денешен ден во 1994 година Sony ја претстави својата прва PlayStation конзола. Цената изнесуваше околу 400 долари и до 2006 година е продадена во нешто повеќе од 100 милиони примероци и е најпродавана конзола на сите времиња.

Компанијата исто така ги има претставено и низа на други конзоли како што се PlayStation 3, преносливите конзоли PSP, PSP Go и PlayStation Vita.

Кон крајот на 2013 година пуштена е во продажба PlayStation 4 која во првите 24 часа на американскиот пазар е продадена во преку еден милион примероци па така стана најбрзо продадена конзола во историјата,

За дваесет годишнината на постоењето на PlayStation, Sony припремил посебно издание на својата web страница на која можете да ги пронајдете најважните настани до денешен ден. Sony ги повикува сите фанови на PlayStation по пат на Twitter да ги споделат моментите поминати со PlayStation користејќи го хаштагот #20YearsOfPlay.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top