Categories
Свет

Се намалува разликата меѓу Обама и Меккејн

Предноста на аемриканскиот претседателски кандидат на Демократската партија Барак Обама се намалува во однос на неговиот политички оонент од Републиканската партија Џон Меккејн.

Предноста на аемриканскиот претседателски кандидат на Демократската партија Барак Обама се намалува во однос на неговиот политички оонент од Републиканската партија Џон Меккејн.

Резултатите од последната анкета покажуваат дека за Меккејн би гласале 42 проценти, а за Обама 47 отсто од испитаниците. Во анкетата пред еден месец разликата меѓу двајцата кандидати беше погоелма, за Обама се изјаснија 50, а за Мекекјн 41 проценти.

Рејтингот на републиканскиот кандидат се зголеми поради неговата поцврст став кон Грузија по повод кризата со Русија. За 55 проценти од мажите Меккејн е покомпетентен да ја води американската политика кон Русија, а за Обама се изјасниле 27 проценти.

Меккејн е поваризиран кај мажите во САД, при што 46 се изјасниле дека ќе гласаат за него, а за Обама –  41. Демократскиот кандидат е „миленик“ на жените – за него бил гласале 53 отсто, а за Меккејн 39 проценти од испитаниците.
Анкетата е спроведена од 12 до 17 август при што се испитани 1.547 Американци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *