Францускиот претседател Никола Саркози ќе допатува денеска во Даблин во обид да пронајде решение за кризата која настана по отфрлувањето на Лисабонскиот договор.

Саркози, чија држава претседава со ЕУ до крајот на годинава, ќе се сретне со ирскиот премиер Брајан Коен, како и со таборот приврзаници и противници на реформскиот договор на ЕУ.
Предвидено е средбите да се одржат зад затворени врати, поради незадоволството кое што во Ирска го предизвикаа изјавите на Саркози дека Ирците повторно треба да гласаат за договорот, кои многумина во таа земја ги сфатија како навреда и знак на француска ароганција. Од тие причини, претставници на Лабуристичката партија, која го поддржа Лисабонскиот договор, одби да се сретне со Саркози.

Во интервју за „Ајриш тајмс“, Саркози изјави дека доаѓа да ги „слушне и разбере“ причините поради кои што 53 отсто од Ирците гласаа против Лисабонскиот договор. – Потребно е да ја разберам пораката која Ирците сакаа да ја испратат отфрлувајќи го договорот кои го потпишаа претставници на 27 земји, рече Саркози.

Франција смета дека не може да има натамошно проширување на ЕУ на Балканот додека сите 27 земји-членки не го ратификуваат Лисабонскиот договор, кој што предвидува нови европски институции.
 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: