Samsung на удар на критики поради грешка во Galaxy Note 5

Станува збор за фантастичен уред со силен хардвер но…

Откако Apple минатата година ги претстави новите модели на своите iPhone, дел од корисниците се пожалија на проблеми со превиткување на екранот што конкурентските компании веднаш го искористија и почнаа со исмевање на тие уреди.
Помалку од една година откако го исмејуваа Apple, во проблеми со новиот модел се најде и Samsung. Оваа компанија зад која е тежок период во кој бележат пад на продажбата и профитот, неодамна ги претстави давата нови модели Galaxy S6 Edge+ и Galaxy Note 5. Станува збор за фантастични уреди кои ги карактеризираат големи екрани и силен хардвер, а моделот Note 5 доаѓа со S Pen stylos со кој на телефонот побрзо и поедноставно можат да се активираат некои опции. Сите досегашни модели на Note немаа проблеми со stylos (пенкало) и тоа можеше да се вметне во телефонот само со врвот нагоре, додека оваа година Samsung направи некои промени така што пенкалото може да се стави во отворот на телефонот и во обратна насока.
Но, кога се вметнува пенкалото во телефонот на тој начин настануваат проблемите и освен што пенкалото заглавува и тешко се вади од телефонот, доаѓа и до онеспособување на функцијата за детекција на пенкалото и некои опции како што е автоматскиот пристап во менито на S Pen и пишувањето белешки додека екранот е исклучен.
На TechSpot претпоставуваат дека во Samsung биле свесни за овој проблем, но веројатно немале време за негово решавање па во упатството ги предупредуваат корисниците да внимаваат при начинот на кој го вметнуваат пенкалото. Во упатството за користење исто така постои предупредување дека погрешното вметнување на S Pen би можело да го заглави во уредот.
На бројните прашања на новинарите околу проблемот со пенкалото, од Samsung одговориле дека на сите корисници им советуваат пред употреба на телефонот добро да го прочитаат упатството за користење на телефонот.

Galaxy, note, samsung, грешка, критики, удар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top