Categories
Свет

САД можат да ја победат Ал Каеда со промена на стратегијата

САД можат да ја победат Ал Каеда доколку сметаат помалку на примена на силата, а повеќе на полицијата и на разузнавањето.

САД можат да ја победат Ал Каеда доколку сметаат помалку на примена на силата, а повеќе на полицијата и на разузнавањето.

Според проучувањето, САД и другите земји треба да прибегнат кон воена сила само во случај на големи, добро вооружени и добро организирани бунтови, како и дека американските службеници треба да запрат да ја употребуваат фразата „војна против тероризмот“ и да ја заменат со „контратероризам“.

Неопходно е терористите да бидат опишувани како криминалци, а не како свети воини. Нашата анализа покажува дека тероризмот не може да биде запрен на бојното поле, изјави Сет Џоунс, политиколог во „Ранд“ и главен автор на проучувањето.

Според него, САД веќе ги имаат неопходните инструменти за да ја победат Ал Каеда и само треба да ја променат својата стратегија.
Извештајот, кој анализира 648 терористички групи кои дејствувале меѓу 1968 и 2006 година, заклучува дека ваквите организации престануваат да постојат најчесто бидејќи преминуваат кон политички процес.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *