Categories
Свет

Руската авијација го бомбардира Тбилиси

Русија рано изутринава нанесе воздушни удари врз воената база и радарската станица во близина на Тбилиси.

Русија рано изутринава нанесе воздушни удари врз воената база и радарската станица во близина на Тбилиси.

„Беа исфрлени најмалку две бомби, но колку што знам, нема жртви“, изјави портпаролот, Шота Утиашвили.

И двете експлозии се слушнале во центарот на грузиската престолнина.
Првата бомба била фрлена во селото Џори, на десет километри од Тбилиси. Таму е распореден батаљон на грузиските специјални единици, додаде Утиашвили.
Втората бомба ја погодила радарската станица во предградие на Тбилиси, на пет километри од центарот на градот.
Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер пристигна синоќа во Тбилиси, каде што ќе се сретне со грузискиот претседател Михаил Саакашвили.

„Ќе зборувам за неопходноста од мир, за средствата за негово постигнување и за враќање кон политичко решение откако стапи во сила прекинот на огнот“, рече Кушнер веднаш по пристигнувањето во грузиската престолнина.

Тој истакна дека грузискиот предлог за прекин на огнот и за преговори со Русија е „добра појдовна точка за преговори“. Кушнер изрази надеж дека денеска ќе се сретне и со рускиот претседател Дмитриј Медведев, но не можеше да потврди со сигурност.
Неколку илјади Грузијци протестираа синоќа во Тбилиси против руските бомбардирања на земјата.

Демонстрантите се собрале на плоштадот во центарот на Тбилиси, вееле грузиски знамиња, пееле традиционални песни и националната химна.
На голем црвен екран, инсталиран над плоштадот биле испишани пароли на англиски јазик „Се што требаме е слобода. Русија ги убива луѓето. Чеченци, Грузијци, Осетијци. Кој ќе го запре тоа. Црвената армија да си оди дома“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *