Расплакано дете со крвав нос ја крена Турција на нозе

Турскиот премиер наредил да се пронајде детето и неговата фамилија

 |  инфодеск  | 

Фотографиите на детето во солзи и крвав нос кој го претепа сопственик на ресторан во Турција предизвикаа голема врева и бес на социјалните мрежи, но и симпатии за малиот бегалец кој продавал хартиени шамивчиња на улиците за да преживее тој и неговата фамилија.

Детето е идентификувано како Ахмед Хамдо Абејд, а тој и неговата фамилија се бегалци од Сирија. Инцидентот се случил во градот Измир, но приказната можеби сепак ќе добие среќен крај.

Имено, фотографиите предизвикале големо внимание и кај турскиот премиер Ахмед Давутоглу, кој ги задолжил локалните власти да го пронајдат детето за да му се помогне нему и на неговата фамилија.

“Само продавав шамивчиња. Едно пакетче само што сакаше да купи една госпоѓа кога дојдоа мажи и почнаа да ме тепаат. Ме легнаа на земја и ме газеа со нозе. Тогаш од некоја страна дојдоа Сиријци ме полија со вода и тогаш се освестив”, раскажал Ахмед за локалните весници, а пренесува DailyMail.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top