Првиот руски шпиун бил Србин од Босна кој пораснал во Дубровник

Рускиот претседател Владимир Путин се изненадил кога од Руската академија на науките му потврдиле дека руската разузнавачка служба во 17. век ја основал Србинот Сава Владисављевиќ.

 |   | 
Sava Vladisavljevic
Sava Vladisavljevic

Рускиот претседател Владимир Путин се изненадил кога од Руската академија на науките му потврдиле дека руската разузнавачка служба во 17. век ја основал Србинот Сава Владисављевиќ.

Sava Vladisavljevic“Српските вечерни новости“ пишуваат дека Владисављевиќ бил авантурист трговец, дипломат и разузнавач, а се родил во 1668.година кај Гачка во Херцеговина, а неколку децении подоцна станал еден од најмоќните луѓе во Европа. Во центарот на вниманието Владисављевиќ се вратил во 2008 година за време на создавањето на нов договор за демаркација на Кина и Русија.

Путин ги повикал претставниците на Руската академија на науките за да се консултира за важен меѓународен договор, а еден од академиците му кажал дека договорот е добар и дека тој бил само подобра верзија на договорот кој со Кинезите три децении претходно го потпишал Владисављевиќ, основачот на разузнавачката служба.

Експерт за меѓународно право и некогашен секретар на САНА, Владимир Давидовиќ, во руските архиви го пронашол оригиналот на извештајот на Владисављевиќ “Тајните информации за силата и состојбата на кинеската држава“.

Тој изјавил дека Сава го пишувал извештајот со години и дека поминал илјадници километри на коњи и камили, пловејќи со едрелици и пешачејќи.

Покрај тоа тој создал и модерна разузнавачка мрежа, бидејќи градел каравански граници, градови и манастири од кои неговите соработници му праќале информации, анализи и предвидувања.

Владисавњевиќ ја заокружил евроазиската разузнавачка мрежа, а со почетокот на 18.век создал руска агентура во целото Средоземје за што ангажирал познати трговци и морнари од Дубровник.

Тој често бил во Цариград каде Турците го сметале за француски или англиски шпиун, а руските дипломати го препорачале на цар Петар. По неговиот “Таен извештај за Црното море“, царот го повикал во неговата империја.

“Сава во 1709 година се сели во Санкт Петерсбург и добива титула на првиот таен советник, а царот му гради палата во неговиот дворец“, изјавил Давидовиќ.

Сава умрел во 1738 година во Санкт Петерсбург каде бил и закопан во царската гробница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top