Најмалку 47 луѓе вчера загинаа во судирите меѓу пакистанските сили за безбедност и проталибанските милиции во реонот Баџур во близина на пакистанско авганистанската граница.
Најмалку 47 луѓе вчера загинаа во судирите меѓу пакистанските сили за безбедност и проталибанските милиции во реонот Баџур во близина на пакистанско авганистанската граница.
Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рехман Малик вчера изјави дека повеќе од 460 екстремисти и 22 војници во последните 10 дена загинаа во овој регион.
И во реонот Курам веќе десетти ден продолжуваат судирите меѓу шиитите и сунитите при што 35 луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени.
Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рекман Мали даде ултиматум од 72 часа непријателските групи да го прекинат огнот.