Categories
Свет

Продолжува штрајкот во „Луфтханза”

52 000 вработени во Луфтханса од денес стапуваат во генерален штрајк.

Германскиот синдикат го повика сите 52,000 вработени во авионската компанија „Луфтханза” од денеска да стапат во неограничен штрајк. Апелот на синдикатот е обид да се омасови и засили штрајкот во кој од пред неколку денови учествуваат неколку илјади вработени во Луфтханза. Синдикатот за вработените бара зголемување на платите за 9,8 отсто, а управата на „Луфтханза” нуди 6,7 отсто. Оваа понуда од 6,7% синдикатот ја отфрли.

Најпогодени ќе бидат аеродромите во Хамбург и Франкфурт, но последиците ќе се почувствуваат и низ другите аеродроми во земјата. Штрајкот Луфтханса ќе ја чини најмалку 5,8 милиони евра на ден.
Ќе се прават обиди да се минимизираат непријатностите за патниците, велат од Луфтханса. Откажани се околу 1000 летови како домашни така и европски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *