Categories
Свет

Се „топи“ предноста на Обама над Меккејн

Демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама има предност од само три проценти пред противкандидатот од Републиканската партија Џон Меккејн.

Демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама има предност од само три проценти пред противкандидатот од Републиканската партија Џон Меккејн.

Според резултатите на анкетата на американскиот дневен весник „Њузвик“ демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама има предност од само три проценти пред противкандидатот од Републиканската партија Џон Меккејн
Сенаторот од Илиноис Барак Обама ја има поддршката на 44 отсто од испитаниците, додека за Меккејн се изјасниле 41 процент, разлика која статистиката ја смета за незабележителна. Останатите 15 отсто се уште не одлучиле за кого ќе гласаат, наведува интернет изданието на весникот.

Во претходната анкета, која „Њузвик“ ја спроведе на 20 јуни, Обама водеше со 51 отсто наспроти 36 проценти за Меккејн.
Според досегашните испитувања, 53 отсто од испитаниците сметаат дека Барак Обама ја сменил својата позиција по однос на клучи прашања, само со цел да дојде до политичка предност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *