Генералот на американската авијација Нортон Шварц предупреди дека Русија ќе ја мине црвената линија доколку ја користи кубанската територија како база за снабдување со гориво на своите бомбардери, кои се оспособени да носат нуклеарно оружје.

На прашањето каков совет би му дал на Вашингтон, доколку Русија навистина го стори тоа, генералот Шварц, чија номинација за командант на американската воена авијација ја разгледува Сенатот, одговори дека тој би предложил да се повика Москва да се откаже от тој план.

Шварц додаде дека доколку Русија сепак го реализира тој план, Вашингтон би требало да има цврст став и да покаже дека станува збор за „нешто што го минува прифатливото, што ја минува црвената линија за САД“.
Рускиот весникот „Известија“ пишуваше за можноста за враќање на руски стратешки бомбардери на Куба, како одговор на американските планови за распоредување на елементи на нивниот систем за противракетна одбрана во Полска и Чешка.
Руското Министерство за одбрана се обиде да ја смири ситуацијата, тврдејќи дека написот во овој весник е пишуван под лажно име и во него се повикува на организација која не постои.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: