Поглаварот на Римокатоличката црква, поинтересен од рок ѕвезда

Од март до денеска за општите аудиенции на папата Франциско во Ватикан се издадени неверојатни еден милиони 548 илјади и 500 влезници, додека во текот на целата 2012-та година за Бенедикт 16-ти се издадени само 447 илјади.

 |  Голабовски Крсте  | 
Papa Francisko
Папа Франциско

Од март до денеска за општите аудиенции на папата Франциско во Ватикан се издадени неверојатни еден милиони 548 илјади и 500 влезници, додека во текот на целата 2012-та година за Бенедикт 16-ти се издадени само 447 илјади.

Papa FranciskoОткако на 13-ти март застана на чело на Католичката црква, повеќе од два милиони лица дошле на општите аудиенции на папата Франциско на Плоштадот Свети Петар.

Првиот неевропски папа привлекол четири пати повеќе луѓе од својот претходник Бенедикт 16-ти во текот на целата 2012-та година.
Ватикан објави дека се издадени неверојатни 1.545.500 влезници за 30 аудиенции.

Но, се смета дека вистинскиот број е многу поголем бидејќи за задниот дел од плоштадот и околните улици не се потребни влезници, а таму може да се соберат околу 20.000 лица.На почетокот на година, Ватикан објави дека за 43 општи аудиенции за папата Бенедикт се издадени 447.000 влезници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top