Непознато лице, вчера се јави во еден од Белградските пишани медиуми со информација дека во центарот на Белград во пластична кеса на ссред булевар е пронајдена човечка глава.
Непознато лице, вчера се јави во еден од Белградските пишани медиуми со информација дека во центарот на Белград во пластична кеса на ссред булевар е пронајдена човечка глава. Во анонимниот повик лицето изјавило:
„ Доколку сакате да фотографирате нешто морничаво, дојдете на „Бул. На Револуцијата“ 318, и во кеса за губре ќе најдете отсечена човечка глава. Викнете и полиција.“
После тоа лицето ја прекинало врската. Лицето звучело многу рамнодушно, а според звуците кои околу него се слушале се претпоставува дека зборувал во одење. Во кесата е пронајдена глава на 25 годишен маж која најверојатно била таму неколку дена. Од медиумот веднаш се јавиле во полиција.