Откритие кое менува многу работи во енергетиката во Европа

Супер наоѓалиште со гас на кое Путин нема да има влијание

 |  инфодеск  | 

Откриено е најголемото наоѓалиште на гас во Медитеранот, поточно во близина на бреговите на Египет, а го пронашла група од италијански нефтени инженери.

Спрема првите претпоставки, наоѓалиштето е толку богато со земен гас што Египет во наредните неколку десетлија нема да мора да размислува за гас.

Групата италијански нафтени инженери напоменува дека ова поле би можело да биде најголемо досега откриено на Медитеранот, а се верува дека во него се наоѓаат 850 милиони квадратни метри гас, што е еквивалентно на 5,5 милијарди барели нафта, пишува Independent.

Ова супер-наоѓалиште се наоѓа недалеку од местото Port Said на северниот брег на Египет и се протега на површина од 100 квадратни километри под морето.

“Ова наоѓалиште многу ќе влијае на Египет и прашањето за снабдување со гас кој го има за наредните неколку десетлетија”, рекле во изјавата италијанските инженери.

Италијанската компанија ENI ќе го води процесот на вадење гас, а се надеваат дека за време на тој процес би можело да се откријат многу повеќе извори на гас отколку што досега се откриени.

Со ова откритие, освен Египет и неговите жители благодет го очекува и целиот Медитеран и Европа. Пронаоѓањето на толку многу количини на земен гас, доколку се изгради гасовод, би можело да доведе до прекин на соработката на Европа со Русија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top