Categories
Свет

ОН и Ирак потпишаа договор за обнова, развој и хуманитарна помош во следните три години

ОН и Ирак потпишаа договор со кој се востановува нова стратегија за обнова на Ирак и за распределба на хуманитарна помош до 2010 година.

ОН и Ирак потпишаа договор со кој се востановува нова стратегија за обнова на Ирак и за распределба на хуманитарна помош до 2010 година.

Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Ирак Дејвид Шиарер изјави дека основниот акцент ќе биде подобрување на ефективноста на државните институции како и проширување на приватниот сектор за да се отворат нови работни места.

Тој додаде дека моментот е исклучително важен ОН да добие пристап до многу региони во државата во кои безбедноста се подобрила.
ОН се повлече од Ирак по нападот врз нејзината канцеларија во Багдад во 2003 година. Во изминатите неколку месеци ОН ги засилува активностите во Ирак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *