Олеснето е плаќањето со картички во еврозоната

Подигнато е нивото на интеграцијата на плаќање во еврозоната

 |  инфодеск  | 

Во соопштението на Европската комисија се вели дека е завршена миграцијата на плаќање на единствено плаќање во евра (SEPA) со кое значајно се олеснува елетронскиот трансфер на пари помеѓу членките на еврозоната.

SEPA е создадена во 2012 година, а овозможува на граѓаните, претприемачите и на јавните институции да извршуваат плаќање во евра под еднакви услови, права и обврски.

Имено, иако од воведувањето на еврото поминаа 12 години, плаќањето со дебитна картичка од една членка во друга не беше така едноставно. Исто така, трансферот на пари од банкарска сметка во една држава на сметка во друга, траеше непотребно многу време. SEPA овозможува плаќање со дебитна картичка кога се купува во друга држава од еврозоната и побрз трансфер на пари во банкарското работење.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top