Categories
Свет

Неврзаните ја поддржуваат иранската нуклеарна програма

Над сто држави членки на Движењето на неврзаните држави го поддржаа правото на Иран да ја користи атомската програма за мирнодопски цели.

Над сто држави членки на Движењето на неврзаните држави го поддржаа правото на Иран да ја користи атомската програма за мирнодобски цели.

Специјалната декларација, донесена на министерската средба на Движењето на независни држави, е од важно значење за Техеран во судирот со Советот за безбедност на ОН заради неговото одбивање да ја прекине програмата за збогатување ураниум.
Според ирански владини претставници поддршката ги прави бесмислени тврдењата на САД дека меѓународната заедница сака Иран да ја запре програмата за збогатување ураниум.
Иранскиот јадрен проблем може да биде решен единствено преку преговори без претходни условувања.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е единствената организација која има јурисдикција да дава мислење за исполнување на преземените задолженија од одредени држави, се наведува во декларацијата на неврзаните.

Министрите за надворешни работи на земјите од Движењето на неврзаните држави се заложија Блискиот исток да биде без атомско оружје и настојуваат Израел без услови и итно да се приклучи кон Договорот за неширење на оружјето, ставајќи ги своите нуклеарни капацитети под контрола на МААЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *