Categories
Свет

Ратко Младиќ го предал Караџиќ за да се спаси себе си

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ.

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ.

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ, командант на војската на Република Српска, во настојување да се испазари за себе, доколку им се предаде на властите, открива „Дејли телеграф“ кој за ваквото свое тврдење се повикува на извори во германската разузнавачка служба (БНД) во Берлин.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, според сознанијата што на лондонскиот весник му ги обезбедиле „извори во БНД“, Младиќ преговарал за условите под кои би се согласил на предавање, па во рамките на преговарањата за да се спасува себе си, ја соопштил и информацијата за тоа каде е и како изгледа сега Караџиќ.
Но, изгледа дека тоа ќе му се одмазди на Младиќ, најблискиот и најверниот соработник на Караџиќ, затоа што сега, по неговото апсење, уште повеќе е зголемен притисокот врз Србија да се најде и да се уапси „српскиот генерал од Босна“, обвинет за масакрот на недолжните муслимани во Сребреница, пишува весникот.

Изворите во германското разузнаванје велат дека Младиќ прави се што може за да избегне судење во Хаг, настојувајќи да му се суди пред домашен суд, каков што е судот за воени злосторства во Белград, создаден во 2004 година.
Весникот пишува дека Младиќ информациите за Караџиќ ги дал уште пред неколку месеци, па затоа се очекувало фаќањето на Младиќ да биде извршено порано и пред апсењето на Караџиќ.

По заробувањето на поранешниот српски лидер од Босна, апсењето на Младиќ, како што пишува „Дејли телеграф“, изгледа потешко, затоа што за него се грижи круг на моќни луге на поранешниот армиски естаблишмент, врз кој политичарите во Белград немаат моќ, додека за Караџиќ грижата била оставена на делови од српската разузнавачка агенција кои, се смета, дека може да се стават под контрола на Владата.

Лондонскиот весник истакнува дека тоа и се случило, веднаш откако српскиот претседател Борис Тадиќ на чело на разузнавачката служба постави нов човек.
Иако Србија настојува да покаже дека целата работа околу Караџиќ ја направила самата, сепак, пресудна била информацијата што српското разузнавање ја добило од британската МИ6 и од американската ЦИА, истакнува лондонскиот весник.
Изворот на „Дејли телеграф“ во БНД потврдил дека германското разузнавање, заедно со ЦИА, МИ6 и француската тајна служба, тесно соработувале во „ловот по преостанатите воени злосторници на Балканот“ и дека по промените во Белград е префрлена строго чуваната информација до врвот на српското разузнавање.

Владите од каде се овие разузнавачки агенции, мошне се заинтересирани за тоа Србија да се најде во ЕУ, а не да отиде под руско влијание и Москва да се постави „во срцето на Балканот“, заклучува лондонскиот весник.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *