Советот на министри на Европската унија денеска на вонреден состанок во Брисел ќе разговара за ситуацијата во Грузија. Советот на министри на Европската унија денеска на вонреден состанок во Брисел ќе разговара за ситуацијата во Грузија.
На состанокот претседавачот со Советот на министри, шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер ќе ги информира колегите за резултатите од состанокот на претседателството на ЕУ во Москва и Тбилиси.
„Министрите на ЕУ ќе ја анализираат ситуацијата и ќе предложат акции кои би овозможиле брзо решение на судирите. Тие ќе ги разгледуваат и хуманитарните последици и предвидените мерки по ова прашање“, се наведува во соопштението на ЕУ пред денешниот состанок.