Categories
Свет

МААЕ и Техеран денеска преговараат за иранската нуклеарна програма

Заменик генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Оли Хејнонен денеска пристигна во Техеран, каде ќе бидат обновени преговорите за иранската нуклеарна програма.

Заменик генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Оли Хејнонен денеска пристигна во Техеран, каде ќе бидат обновени преговорите за иранската нуклеарна програма.

Новиот круг преговори ќе опфати единствено „технички прашања“. Политички прашања, поврзани со притисокот врз Ирак да ја прекине својата програма за збогатување на ураниум, нема да се разгледуваат.Хејнонен беше во Техеран пред помалку од две недели. Тогаш заменик претседателот на Иранската организација за атомска енергетика Мохамад Саиди ги оцени средбите како конструктивни.

По првиот круг од разговорите меѓу МААЕ и Иран, меѓународните посредници од т.н. група „5 плус 1“, кои имаат задача да најдат решение за иранскиот проблем, соопштија дека постигнале согласност да пристапат кон воведување нови санкции против Техеран поради неговото откажување да прекине со збогатувањето на ураниум и поради нејасниот одговор на предлозите за соработка, дадени на 14 јуни од Високиот претставник на ЕУ за надворешна полиотика и безбедност Хавиер Солана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *