• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Лула да Силва, Лејди Гага и Бил Клинтон меѓу најлвијателните личности според „Тајм“

Лула да Силва, Лејди Гага и Бил Клинтон меѓу најлвијателните личности според „Тајм“

Бразилскиот претседател Лула да Силва е прв на листата на стоте највлијателни личности што ја прави магазинот „Тајм“, во која фигурираат и Лејди Гага и генералниот директор на ММФ Доминик Строс-Кан.

 |  Маја Савиќ  | 
silva i ga ga
Силва и га га

Магазинот прави неколку категории и бразилскиот претседател е прв во категоријата – претседатели.

За да се образложи решението за Лула да Силва да биде на првото место на највлијателни личности во светот, Тајм цитира изјава на Мајкл Мур кој вели дека она што Лула го прави за Бразил е нешто што обично се вика американски сон.

Ga-Ga i time

Американската пејачка Лејди Гага е прва во категоријата „уметници“. Во таа категорија се и Принс, актерката Сандра Булок и канадскиот режисер Џејмс Камерун.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е во категоријата „херои“ заедно со иранскиот опозициски лидер Мир Хосеин Мусави и американската тенис-ѕвезда Серена Вилијамс.

clinton

Хилари Клинтон не е меѓу рекордните 31 жена во овогодишната класификација.

Тајм направил и листа на 100-те најпопуларни личности врз основа на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. Според таа листа, прв е Барак Обама по што следува Лејди Гага.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top