Categories
Свет

Кондолиза Рајс на затварањето на Олимписиките Игри

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ќе присуствува на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Пекинг.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ќе присуствува на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Пекинг, а претходно и ќе проследи некои од спортските олимписки настани, соопшти портпаролот на Стејт департментот Шон Маккормак.

Претседателот на САД Џорџ Буш веќе најави дека ќе допатува на свеченоста по повод отворањето на Олимпијадата на 8 август, и покрај повиците на организациите за заштита на човековите права да го бојкотира овој настан во знак на протест против кршењето на човековите права со спречувањето на протестите во Тибет.
Администрацијата на Буш е цврста на ставот дека Олимпијадата е чист спортски настан, притоа ветувајќи дека САД ќе го покренат прашањето пред Кина за почитување на човековите права.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *