Categories
Свет

Кина загрижена пради средбата Меккејн-Лама

Кина изрази загриженост од средбата на кандидатот за претседател на САД Џон Меккејн со тибетанскиот духовен лидер Далај Лама.

Кина изрази сериозна загриженост од средбата на републиканскиот кандидат за претседател на САД Џон Меккејн со тибетанскиот духовен лидер Далај Лама. Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Кина секогаш била пртов посетите на Далај Лама на странство, на кои тој се обидува да „ја подели“ Кина.

Далај Лама во петокот во Колорадо се сретна со Џон Меккејн, потсетуваат агенциите.
Републиканскиот сенатор настојува Кина да ги ослободи тибетанските затвореници и да објасни како се случи луѓето да „исчезнуваат“ по немирите во Тибет, регистрирани во текот на пролетта.

Далај Лама изрази задоволство од позициите на Меккејн за Тибет, но подвлече дека нема да заземе страна во предизборната кампања во САД.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *