Categories
Свет

К2 однесе уште девет животи

Најтешката планина за качување, врвот К2 однесе уште девет животи.

Лоцирана во северните региони на Пакистан, само неколку стотини метри пониска од Монт Еверест, претставува една од најтешките планини за освојување. Група од 22 луѓе од кои поголемиот дел беа странци, во Петокот тргнаа во освојување на К2. Поделени во осум групи, за време на нивното слегување, една од овие осум групи била однесена од лавина според изјавата на Назир Сабир претседател на Пакинстанскиот Алпинистички клуб.

Сеуште не се знае точниот број на настраданите алпинисти, бидејки еден пакистнаец и еден србин ги загубиа животите исто така во петокот но, на качување.  Жртви има и од водичите, а несреќата предизвикана од лавинита се случила во т.н. „Клисура на смртта“ која е позната по тоа што во неа нивото на килсород е минимално и додека ја поминуваат алпинистите доаќа до деформации на нивните тела.Ова е најголемата несреќа после инцидентот кој се случи во 1995 година, кога животите ги загубија седум алпинисти во една снежна бура, на К2 планината.

Од неговото освојување во 1954 од страна на Ачиле Компањони и Лино Лачедел па се досега, К2 има земено 280 животи. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *