Членовите на Долниот дом на италијанскиот Парламент денеска едногласно ја одобрија ратификацијата на Лисабонскиот договор.
Членовите на Долниот дом на италијанскиот Парламент денеска едногласно ја одобрија ратификацијата на Лисабонскиот договор, една седмица откако тоа го сторија сенаторите.
Гласањето, кое се случува повеќе од еден месец откако Договорот беше отфрлен на референдум во Ирска, беше одобрен со аплауз во Долниот дом на Парламентот во Рим. Законодавците од евроскептичната „Северна лига“, која е дел од Владата на премиерот Силвио Берлускони гласаа „за“ текстот, но останаа на своите места за време на аплаудирањето, бидејќи нивните барања за референдум не беа исполнети.