Categories
Свет

Исламистичка група се заканува дека ќе напаѓа на Олимписките игри

Група, која се нарекува „Туркистанска исламска партија“ преку Интернет пушти видео снимка во која испраќа закани кон Олимписките игри.

Група, која се нарекува „Туркистанска исламска партија“ преку Интернет пушти видео снимка во која испраќа закани кон Олимписките игри во Пекинги ја презеде одговорноста за крвавите атентати во два кинески автобуси, соопшти американската агенција за набљудување на исламистичките интернет сајтови „Интелцентар“.

Групата на Интерент закачи видео материјал, изготвен од нејзиниот водач-командант Сејфула, кој испрати закана во врска со Игрите.
И покрај многуте предупредувања на „Туркистанската исламска партија“ кон Кина и меѓународната заедница дека ќе ги попречи 29-те Олимписки игри, Кинезите ги игнорираат овие закани. Нашите доброволци, кои минаа специјални подготовки, почнаа итни акции, изјави Сејфула, пренесен од „Интелцентар“.

Сејфула тврди дека нивната група на 5 мај кренала во воздух два автобуси во Шангај и преземала акција против полицијата во Ванџоу на 17 јули со трактор натоварен со експлозив

Групата наводно ја предизвикала и експлозијата во фабриката за пластични маси во Гуанџоу и автобуси во градот Кунмин, во провинцијата Јунана, на 21 јули. Во инцидентот во Кунмин загинаа две лица, а 14 беа повредени.

Државниот секретар на САД Кондолиза Рајс денеска ја повика Кина да не ја користи безбедноста на Олимписките игри како покритие за уништувањето на политичката опозиција, пренесоа светските агенции.

Пекинг презема драстични мерки за безбедност пред Игрите, што ќе се оддржат од 8 до 24 август, но одделни организации за заштита на правата тврдат дека власта претерува во реакцијата против безбедносните закани и тие ги корсити за да ги гони политичките противници.

Безбедноста од секогаш претставувала проблем за настани како Олимписките игри и Кина несомнено треба да ги исполни ангажамните за да ја гарантира безбедноста, призна таа, подвлекувајќи дека се надева оти игрите ќе минат без инциденти.
Безбедноста, меѓутоа, не е добро да станува покритие за власта, за да се пресмета со неистомислениците. Државниот секретар на САД истакна дека тоа би било многу жално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *