Во четвртокот, дојде официјално соопштение од Пентагон, дека Иран поседува балистичка ракета која може да погоди цели во Европа.

Од Пентагон соопштија дека Иран поседува ваква ракета која може да погоди цели на далечина од 1750 километри, но негираа дека имаат информации за нејзино тестирање. Минататa недела од Иран излегоа со изјава дека направиле две тестирања, на ракети и најразлични други оружја, меѓу кои и на новиот „ШАХАБ 3“ проектил со среден дострел, кој може многу лесно да гаѓа цели во Израел.

Се зголемува тензијата околу можното поседување на нуклеарно оружје од страна на Иран, но властите во Техеран негираат. Старата верзија на „ШАХАБ“ проектилите имаа дострел од 1300 километри способни да погодат цели во Грција, Србија, Белорусија и Романија.
Исто така Иран работи и на изградба на проектил на цврсто гориво наречен „Ашура“ со дострел до 1500 километри. Американските воени експерти изјавуваат дека на последните проби на оружјето направени од страна на иранската армија нема тест на ново оружје.

Но, амеркинскаите разузнавачи излегоа со цврст став дека Иранците неуморно работат на развој на нови балистички ракети од среден дострел, со кои лесно би можеле да погодат цеLи во Израел или централна Европа. Кога на ова ќе се додаде и можниот развој на нуклеарната програма кој од Техеран неуморно го негираат, заканата за западот е навистина голема.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: