Categories
Свет

Иран почнува со градба на втора АЕЦ

Иран веќе избра место и почна проектирање нова 360-мегаватна нуклеарна централа, јавија западни медиуми повикувајќи се на директорот на иранската Организација за атомска енергија Мохамад Сајди.

Иран веќе избра место и почна проектирање нова 360-мегаватна нуклеарна централа, јавија западни медиуми повикувајќи се на директорот на иранската Организација за атомска енергија Мохамад Сајди.Новата АЕЦ ќе се гради во реонот Дарховин во југоисточниот дел од државата.

МААЕ го навела проектот Дарховин во своите извештаи.

Првата иранска нуклеарна централа крај Бушер е со моќност од илјада мегавати и се гради со руска помош. Рускиот амбасадор во Иран Александер Садовников вчера изјави за националната иранска теелвизија:Русија е сериозно посветена на завршување и пуштање во употреба на АЕЦ во Бушер во најскоро време.

Иранските медиуми јавуваат дека таа централа ќе биде заврпена до крајот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *