Интерпол уапси 25 Анонимуси, овие за возврат му го хакнаа сајтот

Полицијата во Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија уапсила 25 лица за кои постои сомневање дека припаѓаат на хакерската група “Анонимуси“.

 |   | 
Anonymous
Anonymous

Полицијата во Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија уапсила 25 лица за кои постои сомневање дека припаѓаат на хакерската група “Анонимуси“ која извела нелегални напади на веб страни во овие земји, соопштил денеска Интерпол.

Уапсените лица биле на возраст од 17 до 40 години и запленети се 250 парчиња компјутерска опрема и мобилни телефони.

Шпанските власти соопштиле дека една од четири лица кои се уапсени во Шпанија, како што се сомнева, раководеле со компјутерски операции на “Анонимусите“ во таа земја и во Јужна Америка.
Anonymous
Операцијата е спроведена по хакерските напади кои оваа група ги реализирала на јужноамериканските интернет страни- колумбиското министерство за одбрана и претседателството, чилеанската национална библиотека и чилеанската електроенергетска компанија “Ендес“.

Набргу откако од Интерпол соопштија дека уапсиле 25 членови на хакерската група Анонимус, официјалната веб страна на организацијата била хакната. Сајтот за брзо време бил вратен во живот, но многу тешко се отворал. Во меѓувреме, поддржувачите на Анонимус ја презеле одговорноста за хакерскиот напад, велејќи дека на тој начин се одмаздуваат за апсењата во Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија.

Хакерите од групата “Анонимуси“, која постои од 2008 година, се бори против цензурата на интернет  и сето она што претставува крупен капитал, корупција, педофилија, трговија со луѓе, а до сега срушиле голем број сајтови, меѓу кои и страната на Интерпол.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top