Categories
Свет

Инцидент во нуклеарна централа во Франција

Пожар во француска атомска електроцентрала, нема истекување радиоактивна вода.

Во француската атомска електроцентрала „Сент-Албан/ Сен-Морис“, во источниот департмент Изер, вчера избувна пожар,според информации од локалните власти.
Огнот се појавил во електрогенераторот на првиот електроблок, надвор од нуклеарниот реактор на централата.

Во атомската електроцентрала е објавена тревога и е повикана противпожарната служба, по што пожарот набрзо бил изгаснат.Нема повредени во инцидентот, а не е утврдено ниту истекување на радиоактивна вода и радијација. Се истражуваат причините за пожарот.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *