Categories
Свет

Во Хирошима одадена почит на жртвите од атомската бомба

Илјада бели гулаби полетаа над Хирошима за време на традиционалната церемонија во знак на сеќавање на жртвите од американската нуклеарна бомба.

Илјада бели гулаби полетаа над Хирошима за време на традиционалната церемонија во знак на сеќавање на жртвите од американската нуклеарна бомба.

Церемонијата почна во осум часот и 45 минути по локално време, кога на 6 август 1945 година американски воен авион Б-29 над Хирошима ја фрли атомската бомба.

„Токио строго ќе се придржува до трите ненуклеарни принципи – да не поседува, да не произведува и да не увезува нуклеарно оружје. Укинувањето на средствата за масовно уништување и понатаму е приоритет на јапонската дипломатија“,- изјави премиерот на Јапонија Јасуо Фукада.

Околу 140.000 жители на Хирошима загинаа за време на експлозијата на нуклеарната бомба или во првите четири месеци. До денес вкупниот број на загинати како последица од атомската бомба изнесува 258.310 луѓе. Само годинава повеќе од 5.000 луѓе починаа од болести предизвикани од атомската бомба.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *