Германски пошти почнуваат за достава користење на беспилотни летала

Беспилотните летала одличен избор за доставување на роба

 |  инфодеск  | 

Германската пошта ќе користи беспилотни летала – таканаречени дронови – за достава на лекови на островите во Северното море, објавил Deutsche Post DHL. Компанијата исто така соопштила дека првите достави ќе започнат од следната недела од пристанишниот град Нордајх до островот Јуист, како дел од пилот проектот кој треба да покаже како ќе се покаже оваа идеја. Пилот проектот ќе трае неколку месеци. Ако временските прилики тоа го допуштат, предвидено е поштенските дронови да летаат секој ден на рута долга 7,5 наутички миљи, што ќе биде прво доставување на роба со користење на беспилотни летала.

DHL ќе биде пионер во користење на оваа технологија по технологијата на Amazon и Google кои исто така експериментираат со достава на роба со помош на дронови. Google  своите дронови ги тестира во австралискиот Квинсленд.

Технолошките експерти веќе долго време укажуваат дека беспилотните летала се одличен избор за достава на роба за оддалечените места каде е отежната традиционалната достава на роба. Меѓутоа, за сега, клучниот проблем е од регулаторна природа, односно сигурноста на воздушните простори каде што ќе летаат дроновите. Но, од соопштението на DHL, неколку германски агенции забрзано работат на воспоставување на ограничувања во зоните каде ќе летаат дроновите кон островот Јуист.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top