Galaxy S7 Active е водоотпорен но тестирањата покажале нешто друго

Од Samsung ги потврдиле овие проблеми

 |  инфодеск  | 

Една од посакуваните опции на паметните телефони е водоотпорноста и отпорноста на удари и прашина, а некои гласини велат дека и Apple работи на водоотпорен iPhone кој ќе го претстават идната година. Телефоните на Sony одамна се познати по оваа опција, но од оваа компанија минатата година предупредија Xperia да не се користи под вода. Нивните телефони нема да имаат проблем со дожд, но капење во базен или море, а особено фотографирање под вода не е препорачливо.

Проблем со водоотпорност овој пат има Samsung, токму со моделот кој го претставија неодамна “Active” верзија на популарниот модел Galaxy7 кој како и S7 и S7 Edge доаѓа со сертификат IP68 што значи дека е отпорен на прав и може да издржи до 30 минути под вода на длабочина од 1,5 метри.

Но, тестирањата на Consumer Reports , а потоа и на Cnet покажале дека Galaxy S7 Active  и не е толку издржлив и дека капењето не му годи – водата продрела во камерата, а на екранот се појавиле зелени линии, па така не реагирал повеќе на допир, а водата се нашла и кај СИМ картичката. Од Samsung ги потврдиле проблемите до кои дошло поради грешка во производството и напоменуваат дека проблемот со водоотпорноста се однесува само на дел од уредите кои ќе бидат заменети доколку имало проблем.

Тоа значи дека Samsung нема однапред да ги менува овие телефони, туку на корисниците кои ќе ги пријават овие проблеми ќе им бидат заменети.

Меѓу другото, Consumer Reports ги прогласи Galaxy S7 и S7 Edge за најдобри телефони на светот, односно ги потопи во вода половина час и тие го поминале тестот а не се забележале никакви проблеми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top