Facebook припрема нова опција

Добро погледнете што сте објавувале во минатото

Во минатото скоро секоја промена на поставките за приватност или воведувањето на нови опции на мрежата на Zuckerberg носело бројни проблеми и критики на корисниците. Такви големи критики предизвика, на пример, воведувањето на Timeline и новиот начин на пребарување бидејќи на Timeline повторно се појавија некои објави стари и по неколку години, на кои корисниците во потполност заборавиле дека ги поставиле, а кои денес сигурно не би ги напишале или објавиле.

Новинарите на Huffington Post предупредуваат дека новата опција која се припрема од страна на Facebook (која е достапна за некои корисници) повторно би можела да донесе слични проблеми на милиони луѓе кои нивните објави од минатото би можеле сега да ги прогонуваат. Имено, Facebook тестира опција за пребарување по клучни зборови на профилите на пријателите или групите – со овој начин со испишување на одреден збор во профилот на пријателот или групата може многу полесно да се пронајдат статуси или фотографии објавени во минатото, на кои сте заборавиле или не сакате да се видат во сегашноста.

Со оглед дека поради оваа опција може да се актуелизираат некои нелагодни ситуации од минатото, на корисниците им се препорачува уште еднаш добро да прегледаат што објавувале на оваа мрежа во минатото и да ги отстранат фотографиите или статусите поради кои би можеле да имаат некаков проблем.

{loadposition content9}

Facebook, timeline, би, воведувањето, ги, дека, заборавиле, кои, која, корисниците, критики, минатото, можеле, објави, објавувале, опција, пребарување, припрема, проблеми, сте

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top