Facebook го менува светот со уште еден проект

Спрема изјавите на членови од лабораторијата се работи за најдетална мапа која некогаш е видена

 |  инфодеск  | 

Без оглед што на многумина приказната за менување на светот е претенциозна и напумпана, на крајот излегува дека е сосем вистинска. Откако Mark Zuckerberg го лансираше Facebook начинот на живеење се смени. Секако, не само благодарение на најпопуларната мрежа на светот, но во голем дел секако е дека е поради неа. Дали е тоа добро или лошо е константна тема на расправа бидејќи многу луѓе реалниот свет го сменија со виртуелниот. Многумина, исто така предвидуваа детронизација на Facebook, но наместо тоа мрежата секојдневно станува посилна, популарна, бројот на корисници расте, а водството на компанијата неуморно трага по нови опции и услуги…

Една од таквите е уникатната мапа на светот, на чија основа Facebook има намера да лоцира каде живеат сите луѓе на планетата. Притоа Facebook нема да користи готови решенија, како на пример Google Maps, туку во една од своите лаборатории прави изработка на своја мапа на планетата. Спрема најавите намерата е да се поврзат сите луѓе на планетата преку иницијативата internet.org, а за да се успее во тоа потребно е да се дознае каде сѐ живеат луѓе на Земјата. За изработка на својата мапа Facebook направил снимки од 20 земји во светот со 15 милијарди фотографии од висока резолуција и покрил подрачје од нешто помалку од 22 милиони квадратни километри.

Спрема изјавите на членови од лабораторијата кои се занимаваат со овој проект се работи за најдетална мапа која некогаш е видена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top