ЕУ им ги забрани на децата балоните за дување

Новите правила на Европската Унија (ЕУ) за безбедност на децата го забрануваат користењето на бројни детски играчки. Меѓу останатите, балоните за дување, како и омилените свирчиња кои се одмотуваат во форма на долг хартиен јазик.

 |   | 
party
party

Новите правила на Европската Унија (ЕУ) за безбедност на децата го забрануваат користењето на бројни детски играчки. Меѓу останатите, балоните за дување, како и омилените свирчиња кои се одмотуваат во форма на долг хартиен јазик. За сите деца, помлади од осум или 14 години, самостојното свирење или дување балони нема да биде дозволено. Децата под осумгодишна возраст не смеат да дуваат балони без надзор на возрасно лице, бидејќи тие би можеле случајно да ги проголтат и да се задушат.

party

Забавните игри со магнети ќе станат минато, бидејќи се забрануваат поради ситните делови и ризични хемикалии кои се користат во нивното израбоување. И свирчињата кои се одмотуваат се на списокот на забранети играчки за деца поради истата причина како и балоните.
Директивите на ЕУ ќе ги натерат производителите и продавачите на играчки на секоја играчка да стават предупредување за тоа колку и за кого е безбедна. На латекс балоните треба да се стави предупредување дека децата не смеат да ги дуваат без присуство на повозрасно лице. Освен тоа, пукнатите балони мора да се отстранат, стои во упатствата на ЕУ.

Новите правила го одредуваат и нивото на бучавата на одредени играчки и музички инструменти. Освен тоа, кадифените мечиња за децата помлади од три години ќе мора да бидат прикладни за перење, бидејќи преку нечистите играчки се шират разни болести, меѓу кои алергиите и се влошуваат симптомитекај астматичните деца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top