“Elan” повторно на продажба

Заинтересирани Австријци и Норвежани

 |  инфодеск  | 

Продажбата на словенечкиот производител на спортска опрема Елан од Бегуње се ископлицира бидејќи одбраниот инвеститор сеуште не го потпишал купопродажниот договор и сега се преговара и со други интересенти кои ги имаат предадено своите обврзувачки понуди, наведува весникот Dnevnik.

Договорот со американскиот финансиски фонд Wab International, чија понуда сопствениците ја оцениле за најдобра, веќе бил ускладен, но до потпис сеуште не дошло па сега се преговара и со австриско-швајцарската компанија Cameva, која исто така конкурирала, и со норвешкиот финансиски фонд Holt кој во своето портфолио веќе има неколку познати спортски брендови. Првиот обид за продажба на Елан на еден купец од Финска пропаднал откако е утврдено дека се работи за партнер – измамник кој немал средства да ја реализира својата понуда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top