Categories
Свет

Во експлозиите во Истанбул – 16 загинати и над 150 повредени

Бројот на жртви во синоќешните експлозии во Истанбул се искачи на 16, додека над 150 лица се ранети.

Бројот на жртви во синоќешните експлозии во Истанбул се искачи на 16, додека над 150 лица се ранети. Засега никој не ја презеде одоговорноста за најсмртоносниот напад што се случи во турскиот главен град по 2003 година.
Турски медиуми јавуваат за три уапсени лица поради наводна поврзаност со нападот.

Според турските весници, полицијата ја насочила истрагата кон Работничката партија на Курдистан поради начинот на кој се извршени бомбашките напади.
Турските официјални претставници соопштија дека прво експлодирала помала бомба, криена во канта за смет, а по десетина минути следела и силна експлозија во истанбулскиот кварт Ѓунгорен, во зона преполна со цивили.

Турските власти ги оквалификуваа инцидентите како терористички напади. Градоначалникот на Истанбул, Муамер Ѓулер изјави дека се уште е рано да се зборува за виновникот. – Нема сомнеж дека ова е терористички напад, изјави Ѓулер.
Во болниците каде се прифатени повредените се испратени дополнителни лекарски екипи.

Експлозиите се случија пред денешната финална седница на Уставниот суд на Турција кога треба да почне со одлучување за барањето на државното обвинителство за забрана на владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот поради, како што се наведува, загрозување на секуларниот карактер на државата.

Судиите зад затворени врати ќе донесат одлука дали да се забрани партијата, што може да значи дека претседателот Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Еродган и уште 69 водечки функционери на партијата во следните пет години нема да можат да се занимаваат со политика.
Одлуката би можела да биде донесена во текот на денот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *