Две деца со калашников пукале во полицајци на Флорида

Двајца тинејџери во американската држава Флорида побегнале од дом за сираци, по што провалиле во една куќа, а потоа пукале на полицијата која интервернирала на лице место, соопштија властите.

 |   | 

Двајца тинејџери во американската држава Флорида побегнале од дом за сираци, по што провалиле во една куќа, а потоа пукале на полицијата која интервернирала на лице место, соопштија властите.

Дванаесетгодишното момче и 14-годишното девојче во куќата во која провалиле пронашле пиштол, пушка и АК-47, заедно со голема количина на муниција и пукале на полициските службеници кои интервенирале по пријавата на случајни минувачи, се наведува во соопштението на шерифот од округот Волуш, пренесува Ројтерс.
Девојчето кое пукало било рането, а момчето набргу потоа го предало оружјето, па не било повредено, соопштиле од полицијата.

Повреденото девојче потоа било оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, а никој од полицајците не е повреден во пукотницата што се случила во вторникот вечерта.

Двете деца претходно избегале од домот за сираци и неколку часа подоцна провалиле во куќата, а случајни минувачи кои го слушнале кршењето на стакло ја известиле полицијата, по што следеле опколување на куќата и пукотницата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top