„Американскиот микробиолог Брус Ајвонс е единствениот одговорен за нападите со поштенски пратки, заразени со антракс, во кои во 2001 година загинаа пет лица, а повредени беа 17“ – изјави федералниот обвинител на округот Колумбија Џефри Тејлор.

„Земајќи ги предвид сите докази што ги собравме против Ајвонс ние сме сигурни дека тој е единствениот одговорен за тие напади“, истакна Тејлор на прес-конфренција.

Тејлор изрази жалење поради тоа што доказите нема да бида претставени пред судот, за да и тој се увери во вината на Ајвонс.

Тој истакна дека правосудните органи работат на завршување на истрагата, а откако тој процес ќе биде финализиран, официјално случајот ќе биде прекинат.
Ајвонс се самоуби минатиот вторник. Тој работеше во лабораторија за биозаштита во американската армија во сојузната држава Мериленд, од каде се појавил антраксот, користен во нападите од 2001 година.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: