Categories
Свет

Четири месеци затвор за братот на Силвио Берлускони

Братот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, Паоло Берлускони, е осуден на четири месеци затвор, за проневера од 2,5 милиони евра.

Братот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, Паоло Берлускони, е осуден на четири месеци затвор, за проневера од 2,5 милиони евра.

Паоло, кој е на возраст од 59 години беше осуден од Првостепениот суд за фалсифкување на фактури, но Касациониот суд таа пресуда ја поништи, по што уследи жалба на Главното обвинителство на Италија.

Италијанскиот апелационен суд денес му ја изрече казната од четири месеци. Престапот за кој е суден Паоло е направен во периодот о 1993-1995 година. За време на неговото претседателствување со фирмата „Синтек“, со фалсификување на фактури тој незаконски се стекнал со 2,5 милиони евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *