Бидна кралска свадба

Од провиден фустан на модна писта до олтарот-така медиумите го опишаа патот на Кејт до титулата принцеза. Очите на светот се вперени во Лондон. Вилијам и Кејт најпосле кажаа ДА.

 |  Маја Савиќ  | 
Royal wedding
Кралска свадба

Принцот Вилијам Артур Филип Луис денес на пладне ја венча граѓанката Кејт Мидлтон и со тоа станаа Војвода и Војвотка од Кембриџ. Најпосле бидна свадбата на децинијата.

Kralska svadba

Ѕвоната на Вестминистерската опатија цели три сати биеа означувајки ја женидбата на принцот. Лондон  е преполн туристи, околу 2 милијарди луѓе ја следат церемонијата преку лајв стриминг. Илјадници луѓе се собраа на патот од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија за да можат барем за миг да ги видат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и на некој начин да учествуваат на венчавката, која би требало да ја заживее британската монархија.

Среќниците пак кои добиле покани за венчавката 1900 на број, почнаа да се собираат во Вестминистер уште од 9 часот утрово за важните гости да пристигнуваат во 11 часот меѓу кои претседатели, премиери, султани, аристократи од целиот свет, џет сетери, уметници, меѓу кои и Бекамови, Елтон Џон, Рован Аткинсон.

Kejt vo model od kuka Aleksander Mecvin

Принцовите Вилијам и Хари пристигнаа во црвена свечена одора на полковници на Ирската гарда. Веднаш по нив  пристигна принцот Чарлс со својата сопруга Камила Паркер Бојл. Во 11: 50 во Вестминистер пристигна и кралицата Елизабета Втора.

Кралската невеста во придружба на нејзиниот татко Мајкл Мидлтон, возејќи се во кралскиот Ролс Ројс, пристигна точно во 12.00 часот Елегантниот невестински фустан е дело на креаторката Сара Бартон од модната куќа Александар Меквин, кој се до сега беше чуван како тајна, дури и за нејзиниот сопруг. На главата носеше тијара позајмена од кралската ризница.

Kralska svadba

Судбоносното да го кажаа во 12:15 мин а потоа разменаа брачни завети и прстени. Медиумите веќе објавија дека паднал и договор, Вилијам нема да го носи венчалниот прстен а Кејт нема да се заколне на послушност. Кралски компромис. Свадбениот бакнеж во катедралата изостана но затоа според протоколот тој се случи на балконот од бакингамската палата.

baknez

Церемонијата продолжи во Бакингемската палата со прием за 650 гости.

Британската Влада го прогласи денешниот ден за национален празник, на што најмногу се израдуваа учениците и туристичките работници, кои очекуваат стотици илјади посетители во текот на викендот.

Во меѓувреме портпаролот на принцот ги  објави титулите со кои се закитија младенците: покрај војвода и војводка од Кембриџ, Вилијам исто така ќе биде и ерл од Стратерн и барон Карикфергус, додека Мидлтон ќе биде грофица од Статер и бароница од Карикфергус. За да не биде се толку розево, 29 годишната кралска невеста нема да биде Принцеза Кетрин туку Принцезата на Вилијам од Велс затоа што е родена во граѓанско семејство и нема сина крв.

Тоа најдобро го долови дописникот на весникот „Гардијан“ од кралскиот дворец, Стивен Бејтс: „Кралското семејство мора да се обнови, да се подмлади, потребна му е свежа крв. Кралицата има 85 години, владее веќе шест децении. Принцот Чарлс има веќе 64 години. Значи, на кралското семејство му треба итно активен, млад престонаследник. Сликовито кажано, во принцот Вилијам се вложени многу пари за да ја изврши оваа улога“. Кејт носи нова крв во монархијата па макар била таа обична и црвена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top