Categories
Свет

Без потешкo повредeни во судирите во Белград

Четириесет и шест лица хоспитализирани во Ургентниот центар во Белград по судирите на синоќешниот митинг во Белград за поддршка на политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Четириесет и шест лица хоспитализирани во Ургентниот центар во Белград по судирите на синоќешниот митинг во Белград за поддршка на политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Од повредените 25 се полицајци и 21 се цивили меѓу кои и репортер на шпанска телевизија и новинар од српската агенција Бета.
Еден демонстрант и еден припадник на силите на редот се хоспитализирани додека поголем дел од останатите се здобиле со лесни повреди.

Претставник на полицијата изјави дека ситуацијата во Белград е под контрола и оти не се очекуваат нови инциденти.
Генералниот секретар на Српската радикална партија Александар Вучиќ ги обвини властите за непропорционална употреба на сила.

Стотина претежно млади лица се судрија со полицијата на крајот од митингот во Белград, организиран од ултранационалистичката опозиција во знак на протест против екстрадицијата на Караџиќ во Судот во Хаг.

Полицијата употреби солзавец, димни бомби и гумени куршуми за да ја растера толпата која искрши прозорци на фирми на улица близу до централниот плоштад. Полицијата успеа да ја растера толпата по околу еден час.
Судири имаше и во близина на централата на Демократската партија чиј лидер е претседателот на државата Борис Тадиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *